ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Ажурирано на 14 октомври, 2022
Често поставувани прашања за тоа како ги собираме, чуваме и ги користиме вашите податоци.
Дали ги продаваме вашите лични информации за паричен надомест?
Дали ги споделуваме вашите пдоатоци со партнери-трети лица?
Дали добиваме информации од други компании на кои сте им дале дозвола за податоците?
Дали ги користиме вашите информации за подобри препораки за производи и искуства на страницата?
Дали ви даваме контрола врз вашите податоци?
Вие имате контрола над вашите лични информации. Во секое време можете да ги остварите своите права и да ги промените вашите преференции.
Во зависност од земјата во која се регистриравте, вашата P&G сметка може да нуди можност за пристап до вашите информации и за ажурирање или бришење на вашите податоци.
Доколку не нуди, можете да поднесете барање за пристап, бришење, поправка, да се откажете од примање е-пошта или текстови од маркетинг или да се спротивставите на нашата употреба на вашата адреса за е-пошта или телефонски број за рекламирање, овде.
Исто така, можете да ни кажете да престанеме да ви испраќаме е-пошта и СМС-пораки така што ќе ги следите упатствата за исклучување кои се испратени со овие комуникации. Имајте предвид дека можеби ќе треба да зачуваме одредени информации за да го почитуваме вашиот избор (на пример, ако ни кажете да престанеме да испраќаме е-пошта за маркетинг, ќе треба да ја имаме вашата адреса за е-пошта, така што нашите системи ќе запомнат дека повеќе не сакате да добивате маркетинг комуникации на таа адреса).
Постојат и некои ситуации кога можеби нема да можеме да го одобриме вашето барање (на пример, меѓу другото, за бришење податоци за трансакции кои имаме законска обврска да ги чуваме или за спречување измама, безбедност или за заштита на приватноста на други лица).
Како да престанете да примате традиционални реклами засновани на интереси За да престанете да добивате реклами на P&G на база на интерес, можете да кликнете овде или кликнете на иконата AdChoices на една од нашите страници. За Европа, можете да кликнете овде. Проверете дали сте се откажале од сите наши рекламни партнери:
Tapad
TradeDesk
MediaMath
Neustar
Facebook
Amazon
Google
Liveramp
Можете да спречите да добивате реклами базирани на интерес на веб-страниците така што ќе ги одбиете колачињата во вашиот прелистувач, ќе ги одбиете барањата за „пристап до податоци“ кои апликациите обично ги прикажуваат кога ги инсталирате или ќе ги прилагодите поставките за следење реклами на вашиот уред. Имајте предвид дека може да добиете и персонализирани реклами врз основа на вашата адреса за е-пошта или телефонски број, доколку сте ни ги дале за маркетинг цели. За да се откажете од оваа употреба, контактирајте нѐ.
Сепак ќе гледате „контекстуални“ реклами дури и ако се откажете од реклами засновани на интерес Дури и да престанеме да ви испраќаме реклами засновани на интерес, сепак ќе добивате реклами од нашите брендови на вашиот компјутер или мобилни уреди. Меѓутоа, овие реклами се базираат на контекстот на страниците што ги посетувате и се нарекуваат контекстуални реклами. За разлика од рекламите засновани на интерес, кои се базирани на страниците кои ги посетувате на вашиот мобилен телефон или на прегледувања на компјутер, контекстуалните реклами ви се прикажуват врз основа на контекстот на конкретната страница што ја посетувате. На пример, сепак ќе може да видите реклама за некој од нашите брендови за нега на бебиња додека гледате производи за детска соба онлајн, бидејќи овие страници традиционално ги посетуваат скорешни родители или луѓе кои очекуваат дете. Исто така, треба да знаете дека ние сепак може да собираме информации од вашиот компјутер или уреди и да ги користиме за други цели, како што е евалуација на начинот на работа на нашите веб-страници, за истражување на потрошувачи или за откривање измама.
Бришењето колачиња го брише и вашето откажување Кога ќе се откажете од рекламирање базирано на интерес, ние испраќаме колаче за откажување до вашиот прелистувач што ни кажува дека повеќе не сакате да добивате реклами базирани на интерес од нас. Вашето колаче за откажување ќе биде избришано ако одлучите да ги избришете сите колачиња. Ова значи дека ќе треба повторно да се откажете доколку сè уште не сакате да добивате реклами базирани на интерес.
пристап или бришење За да поднесете барање за пристап или бришење на личните податоци кои се користат за традиционално онлајн бихејвиористичко рекламирање кои би вклучувале, на пример, информации кои ги имаме за вас на ниво на идентификатор на колаче или на уред и кои ги користиме за да ви прикажеме релевантни реклами, ве молиме контактирајте со нас овде. За да го процесираме вашето барање, треба да наведете некои од следниве идентификатори:
Вашите идентификатори на колачиња од нашите даватели на услуги: Tapad, Neustar, MediaMath и TheTradeDesk.
Идентификатори на вашиот мобилен телефон за рекламирање (IDFA, Android идентификатори).
Идентификатор на вашиот ТВ-уред за рекламирање, кој е единствениот идентификатор даден од давателот на Connected TV, на пример, идентификатор за рекламирање Roku.
Ако сте ги дале вашите податоци преку посетување на некои од нашите нордиски страници или партнерски страници, вклучувајќи:
Можете да ги остварите своите права на субјект на податоци така што ќе кликнете овде.
За да поднесете барање во врска со личните податоци кои може да ги имаме како дел од вашето учество во некоја од нашите истражувачки студии, видете ги информациите за контакт дадени на вашиот образец за согласност, јавете се или посетете го вашиот истражувачки центар.
Ако живеете во Калифорнија, можете да пристапите до личните информации што ги чуваме за вас, да побарате детали за тоа како ги обработуваме вашите лични информации, да побарате да ги избришеме вашите податоци или да побарате веќе да не ги „продаваме“ вашите лични податоци (како што е дефинирано „продаваме“ во CCPA). За да дознаете повеќе за остварувањето на тие права, ве молиме кликнете овде.
Ако живеете во ЕЕЗ или ОК или физички сте во ЕЕЗ или ОК, може да им пристапите на личните информации што ги имаме за вас, да побарате поправање, бришење или ограничување на неточните, застарените или информациите што повеќе не се потребни, како и да побарате од нас да ги испорачаме вашите податоци во формат што ви овозможува да ги пренесете на друг давател на услуга. Можете, исто така, да ја повлечете вашата согласност во секое време таму кадешто се потпираме на вашата согласност за обработка на вашите лични податоци. И може да поднесете приговор на нашата обработка на вашите лични податоци (тоа значи да побарате од нас да прекинеме со нивно користење) кадешто таа обработка е заснована на нашиот легитимен интерес (тоа значи дека имаме причина за користење на тие податоци).
Да поднесете барање, кликнете овде.
Ако сакате повеќе информации за заштитата на податоците и општо за вашите права за личните податоци, ве молиме посетете ја страницата на Европскиот надзорник за заштита на податоци на https://edps.europa.eu/data-protection/ или страницата на Канцеларијата на комесарот за информации на ОК на https://ico.org.uk Ако не сте задоволни од нашиот одговор на вашите барања, може да поднесете жалба кај органот за заштита на податоци во вашата земја.
Procter and Gamble España SA се придржува кон Кодексот на однесување за заштита на податоците во AUTOCONTROL, акредитиран од Шпанската агенција за заштита на податоците и според тоа, подлежи на нејзиниот вонсудски систем на жалби околу обработката на податоци, кога тие се поврзани со заштита на податоци и со рекламирање, достапен за сите заинтересирани лица на веб-страницата www.autocontrol.es.
Ако сте професионален стоматолог и сте ни ги дале вашите информации како дел од една од нашите професионални програми за известување, вклучувајќи и преку https://www.dentalcare.com, ве молиме контактирајте нè преку вашиот локален P&G претставник, на пример, Oral-B.
Како и сите брендови, и ние собираме податоци додека комуницирате со нас или кога споделувате податоци кои пак можат да бидат споделени со нас. Ова го правиме со почит и внимание за да ги заштитиме вашите права. Податоците можат да помогнат подобро да ве разбереме како потрошувач и како лице. Информациите што ги имаме можеме да ги користиме посебно или да ги комбинираме, за да ви овозможиме подобри производи, услуги и искуства
Собираме информации за вас на многу начини од многу места. Некои од информациите што ги собираме може да вклучат лични информации што може да се искористат да ве идентификуваме; на пример, вашето име, адреса на е-пошта, телефонски број или поштенска адреса. Во некои земји како оние во ЕЕЗ или ОК или во држави како Калифорнија, работите како IP-адреса или колаче и идентификатори на мобилен уред може, исто така, да се сметаат како лични информации.
Имајте предвид: Можеме да ги комбинираме сите информации кои ги собираме за вас за да ви овозможиме подобри производи, услуги и кориснички искуства
Вие ни ги давате вашите информации кога се пријавувате за сметка на нашите веб-страници или мобилни апликации, или кога ни се јавувате или ни испраќате е-пошта. Може да ве прашаме за информации како што се вашето име, е-пошта или домашна адреса, дата на раѓање, информации за плаќање, вашата возраст, пол, број на луѓе во вашето семејство, како и за начинот на кој сакате да ви испраќаме информации за нашите производи и услуги - на пример, до вашата домашна адреса, на адреса за е-пошта или преку испраќање СМС-пораки.
Може да користиме технологии кои автоматски собираат информации кога ги посетувате нашите веб-страници, кога ги гледате нашите реклами или кога ги користите нашите производи или услуги. На пример, користиме колачиња (мала датотека зачувана на прелистувачот на вашиот компјутер) кои ни кажуваат кој прелистувач и кој оперативен систем го користите, вашата IP адреса, веб-страниците кои ги посетувате, на кои врски кликнувате или дали имате отворено е-пошта од нас.
За да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство, може да користиме технологии кои собираат информации од вашиот телефон кога ги користите нашите мобилни апликации или нашите „паметни“ уреди во вашиот дом. Вие се согласувате на тоа кога ја преземате апликацијата или кога инсталирате уреди поврзани на Интернет дома. Овие информации може да вклучуваат ваш мобилен телефон или друг идентификатор за рекламирање на уредот, информации за оперативниот систем на вашиот телефон, за тоа како ја користите апликацијата или уредот и за вашата физичка локација. На вашиот телефон или уред ќе се појави прозорче со известување што ви дава опција да прифатите или да одбиете да ја знаеме вашата прецизна геолокација (точното место каде стоите или од каде пристапувате на Интернет).
Може да добиеме информации кои другите компании ги споделуваат со нас или ни ги продаваат. На пример, можеби сте и дале согласност на друга компанија да ги споделува вашите лични информации со нас кога сте се пријавиле за телеком-услуги или за програма за лојалност кај трговец на мало. Можеме да собираме и информации од места за кои знаете дека секој може да ги види, како што се објавувања на Интернет, записи на блогови, видеа или страници на социјални медиуми. Можеме да добиеме и информации од други компании, како што се препродавачи на податоци за потрошувачи, кои се занимаваат со собирање информации за вас од јавно достапни бази на податоци (во согласност со локалните важечки законски услови) или од согласност што сте ја дале за тие да ги користат вашите информации, а следствено на тоа, да ги користиме и ние. Ова можат да бидат информации за приходот, возраста, полот, бројот на луѓе во вашето семејство, како и за производи кои сте ги купиле на Интернет или од продавници во вашето соседство.
Ги користиме вашите информации за да ја исполниме нашата цел секојдневно да допреме и да го подобриме животот на луѓе како вас низ целиот свет.
На пример, ги користиме вашите информации за следново:
Да извршуваме услуги за вас
Да ве идентификуваме и потврдиме за нашите маркетинг програми и веб-страници
Да одговориме на вашите прашања или барања за информации
Да ви обезбедиме поддршка за корисници
Да ви испраќаме трансакциски пораки (како што се извештаи од сметка или потврди)
Да ви испраќаме маркетинг комуникации, анкети, и покани
Да ги процесираме вашите плаќања за производите кои ги купувате од нас
Да процесираме и вршиме рефундирања и наплати
Да ви испраќаме производи или примероци кои сте ги побарале
Да ви помогнеме да управувате со преференциите на вашата P&G страница или апликација
Да ви овозможиме да се вклучите во нашите натпревари или наградни игри
Да комуницираме со вас преку социјалните медиуми
Подобро да ги разбереме вашите интереси и преференции и да ви обезбедиме вам и на други лица како вас релевантни понуди и комуникации
Да ви обезбедиме соодветни реклами и да обезбедиме за други лица соодветни реклами со помош на дигитална алатка за наоѓање клиенти кои имаат слични интереси. На пример, ако се пријавите за маркетинг пораки по е-пошта за детергент за перење алишта во САД, може да ја испратиме вашата кодирана имејл адреса до Facebook во Франција за да најдеме потрошувачи таму, кои според Facebook „се слични на вас“ за да се рекламираме кај нив на Facebook.
Исто така, ги користиме вашите информации за внатрешни деловни цели, како што се:
Контрола на квалитет, обука и аналитика
Одржување на безбедноста и верификација
Администрирање на системите и управување со технологијата, вклучувајќи оптимизирање на нашите веб-страници и апликации
Безбедносни цели, вклучувајќи откривање закани и заштита од злонамерна или измамничка активност
Водење евиденција и ревизорски интеракции со потрошувачите, вклучувајќи дневници и записи кои се вршат како дел од информациите за трансакциите
Управување со ризик, ревизија, истраги, известување и други законски причини и причини за усогласеност со законит
Можеме да ги користиме вашите лични информации и за подобро да ве разбереме, вклучувајќи го и следново:
За внатрешно истражување
За дизајн и развој на производи, услуги и програми кои ги воодушевуваат нашите корисници
За да идентификуваме потенцијални корисници
Исто така, ги собираме и ги користиме вашите информации, вклучувајќи и информации обезбедени од трето лице (на пример, програма за препорачување пријател), за да ги администрираме и одржуваме нашите финансиски мотивирани настани, награди, попусти (на пример, купони за цени или услуги) и програми за лојалност (колективно, „програми за награди“). Информациите кои ги давате ги користиме во овие програми за да го потврдиме вашиот идентитет, да понудиме уникатни награди, да го следиме вашиот статус во програмата и да ја олесниме размената на поени во програмата за производи, промотивни материјали, работилници за обука и други работи. Ако се согласите да учествувате во некоја од нашите програми за награди, во секое време можете да ја повлечете таа согласност, така што ќе нè контактирате со помош на деталите за контакт во оваа Политика за приватност или во согласност со упатствата утврдени во правилата за програмата за награди. Можеме да ги користиме информациите собрани од учесниците или информации поврзани со учесниците, во нашите наградни програми за која било друга цел или на кој било друг начин утврден во оваа Политика за приватност. За повеќе информации околу тоа како ја пресметуваме вредноста на вашите лични информации за програмите за награди, како што се бара според Законот за приватност на потрошувачите во Калифорнија („CCPA“), кликнете
.Колачињата се мали датотеки испратени до вашиот компјутер додека прелистувате на интернет. Тие чуваат корисни информации за тоа како комуницирате со веб-страниците кои ги посетувате. Колачињата не собираат информации зачувани на вашиот компјутер или уред или во вашите датотеки. Колачињата не содржат информации кои би можеле директно да ве идентификуваат вас лично. Колачињата го покажуваат вашиот компјутер и уред само како случајно избрани бројки и букви (на пример, идентификатор на колаче ABC12345), а никогаш како, на пример, Џон Е. Смит.
Користиме колачиња од повеќе причини, како што се:
за да ви доставиме релевантни реклами
за да дознаеме повеќе за начинот на кој комуницирате со содржината на P&G
за да ни помогне да го подобриме вашето искуство кога ги посетувате нашите веб-страници
за да ги запомниме вашите преференции, како што се јазик и регион, за да немате потреба да ја прилагодувате веб-страницата при секоја посета
за да идентификуваме грешки и да ги решиме
за да анализираме колку добро функционираат нашите веб-страници
Строго неопходни Овие колачиња овозможуваат вчитување на страницата или обезбедуваат некаква неопходна функционалност без која страницата не би работела (на пример, зачувување на вашите податоци во количка за купување).
Функционални колачиња Овие колачиња овозможуваат страниците да запаметат што преферирате кога повторно ќе се вратите. На пример, ако при првата посета изберете да ја читате страницата на француски јазик, следниот пат кога ќе се вратите, страницата автоматски ќе се појави на француски јазик. Тоа што не морате секојпат да изберете префериран јазик за вас е попогодно, поефикасно и полесно.
Рекламни колачиња Овие колачиња може да се користат за да дознаеме за вашите генерални интереси, базирани, на пример, на веб-страниците кои ги посетувате и производите кои ги купувате. Ова, исто така, може да ни помогне да дознаеме работи за вас, како што се вашата возраст, брачна состојба и колку деца имате. Овие податоци ни овозможуваат да ви испраќаме реклами за производи и услуги што подобро одговараат на работите кои ви се допаѓаат или кои ви требаат. Тоа ни овозможува и да ограничиме колкупати ја гледате истата реклама.
Аналитички коалчиња Овие колачиња ни кажуваат како функционираат нашите веб-страници. Во голем број случаи користиме аналитички колачиња на Google за да ги следиме перформансите на нашите страници. Нашата можност да ги користиме и споделуваме информациите собрани од Google Analytics за вашите посети на нашите страници е ограничена со Услови за користење на Google Analytics и со Политика за приватност на Google.
Може да го поставите вашиот прелистувач да ги одбива сите колачиња или да посочува кога колачето се испраќа на вашиот компјутер. Сепак, ова може да доведе до тоа нашите страници или услуги да не работат правилно. Исто така, можете да го поставите прелистувачот да ги брише колачињата секогаш кога ќе завршите со прелистување.
Кога ги посетувате страниците на нашите партнери, можеме да ви покажеме реклами или друга содржина за која веруваме дека сакате да ја видите. На пример, може да добиете реклами за детергент за перење Tide® ако забележиме дека посетувате страници кои продаваат детска облека или училишен прибор. А од тие информации може да заклучиме дека имате деца и затоа можеби сте заинтересирани за моќен производ за перење алишта. На овој начин, имаме намера да ви испраќаме релевантни информации за нашите производи кои може да ви бидат од корист.
Ние учиме од групи потрошувачи кои имаат слични интереси Може да ве ставиме во одредена група потрошувачи кои покажуваат исти интереси. На пример, може да ве ставиме во групата „љубители на бричала“ ако забележиме дека честопати купувате жилети онлајн или можеби сте „купувач на попусти“ ако забележиме дека користите онлајн-купони или барате попусти или распродажби. Ги забележуваме овие работи за вас додека гледате веб-страници, кликнувате на врски на нашите веб-страници и други веб-страници кои ги посетувате, мобилни апликации кои ги користите или пораките по е-пошта од нашите брендови кои ги прегледувате и врски на кои кликнувате во пораките по е-пошта. Ги групираме идентификаторите на колачиња и уреди за да дознаеме за општите трендови, навики или карактеристики од група потрошувачи кои постапуваат слично онлајн и/или офлајн. На тој начин можеме да најдеме и да опслужиме многу други луѓе кои „личат“ на оние кои веќе се во групата и со тоа да им испратиме, како што сметаме, релевантни и корисни понуди и информации за производи.
Поврзуваме други информации со вашите идентификатори на колачиња и уреди Вашите идентификатори на колачиња и уреди може да бидат дополнети со други информации, како што се информации за производите кои ги купувате офлајн или информации кои директно ни ги давате кога креирате сметка на нашите веб-страници. Генерално го правиме ова на начин што нема директно да ве идентификува. На пример, би можеле да знаеме дека идентификаторот на колачето ABC12345 спаѓа во групата љубители на бричала врз основа на посетите на веб-страницата, возраста, полот и навиките за купување, но не би го знаеле името или адресата на тоа лице или други информации што би го идентификувале. Ако некогаш сакаме лично да ги идентификуваме вашите колачиња или информации за уредот (историја на гледање веб-страници и апликации), секогаш ќе ве прашаме пред да го направиме тоа.
Можеби ве познаваме на сите ваши компјутери, таблети, телефони и уреди Можеби знаеме дека идентификаторот на колачето ABC12345 е од компјутер што може да биде поврзан со истото лице или домаќинство кое поседува мобилен телефон со идентификатор на уред EFG15647. Ова значи дека можете да пребарувате пелени на вашиот лаптоп, да кликнете на врската со резултатот од пребарувањето на Google што го спонзорираме и подоцна да видите реклама за нашите пелени Pampers® на вашиот мобилен телефон. Може да претпоставиме или заклучиме дека истото лице ги поседува и компјутерот и телефонот бидеjќи, на пример, се најавува на истата безжична мрежа секој ден во исто време. Кога дознаваме кои уреди се чини дека ги користи лице или домаќинство, тоа ни помага да ограничиме колкупати ја гледате истата реклама на сите ваши уреди. Ова е важно бидејќи така нема да ве иритираме затоа што ве „бомбардираме“ со истата реклама и не плаќаме за такви повторувачки реклами кои не сакаме да ги добивате.
Адресибилни медиуми Кога ни ги давате вашите лични податоци преку нашите локации или апликации, ние ќе користиме шифрирање на тие податоци - или заменски идентификатор за да ве со опслужиме рекламите што мислиме дека можеби ви се допаѓаат. Ова го правиме генерално со префрлање шифрирана копија од вашата адреса на е-пошта, телефонски број или идентификатор за мобилно рекламирање, како што е применливо за вашиот пазар и како што можеби сте ни обезбедиле, на платформата која нуди простор за рекламирање (на пример, Facebook, Youtube, Instagram, TikTok итн.). Ние исто така ги користиме истите тие податоци за да ви овозможиме рекламирање преку она што се нарекува отворена мрежа. Ова значи дека може да видите наши релевантни реклами на локации или апликации или на други места, како што е дигитална телевизија, кои учествуваат на онлајн аукции на нивниот инвентар за реклами.
Напредно совпаѓање Некои од нашите страници користат функции за напредно совпаѓање што се нудат од платформите на социјалните мрежи за огласувачите на реклами (На пр.,напредно совпаѓање од Facebook, напредно совпаѓање од TikTok итн.). Преку напредното совпаѓање, ќе испратиме некои од податоците што ги внесувате во полињата на формуларите на нашата страница (на пример, вашето име, адреса на е-пошта и телефонски број - но не и чувствителните податоци или податоците од посебна категорија) шифрирани во скратен формат на платформата на социјалната мрежа или пикселот на платформата на социјална мрежа ќе ги шифрира и повлече тие податоци со цел да ве поврзе вас со колачето на вашиот прелистувач или со идентификаторот на уредот. Ова го правиме за да можеме подобро да го насочиме и да ја измериме ефективноста на нашето рекламирање на платформите на социјалните мрежи. Така можеме да знаеме дали сме ви покажале реклама на одредена платформа на социјална мрежа, а вие сте кликнале на неа, сте дошле на нашата страница и сте купиле нешто - или не сте - и според тоа, дали треба да продолжиме да купуваме реклами на таа платформа на социјална мрежа – или не треба.
„Светилници“ базирани на близина „Светилниците“ испраќаат еднонасочни сигнали до мобилните апликации што ги инсталирате на вашиот телефон на многу кратки растојанија за да ви кажат, на пример, кои производи се на распродажба додека минувате низ продавница. Светилниците комуницираат со вашиот уред само кога ќе бидете доволно близу и откако ќе дадете согласност во рамките на мобилната апликација што е поврзана со одреден светилник. Апликациите пак, може да ни дадат информации за локацијата за да ни помогнат да ги приспособиме рекламните понуди за вас. На пример, кога сте во близина на „светилник“ во делот за нега на кожата, може да ви испратиме купон за попуст од $4.
Пиксели Тоа се мали објекти вградени во веб-страница, но не се видливи. Познати се и како „ознаки“, „веб-бубачки“ или „пиксел гифови“. Користиме пиксели за да доставуваме колачиња до вашиот компјутер, да ја следиме активноста на нашата веб-страница, да го олесниме најавувањето на нашите страници и за онлајн-маркетинг активност. Исто така, вклучуваме пиксели во нашите промотивни пораки по е-пошта или билтени за да утврдиме дали ги отворате и како постапувате во врска со нив.
Идентификатори за мобилен уред и комплети за програмирање софтвер (SDK) Ние користиме софтверска програма во нашите мобилни апликации за да собереме информации слични на оние што ги собираат колачињата на Интернет. Ова се информации како што се идентификатори на вашиот мбилен телефон (идентификатори на огласувачи (IDFA) на iOS и идентификатори за рекламирање на Android) и начинот на кој ги користите нашите апликации. Слично на колачињата, информациите за уредот кои автоматски ги собираме додека ги користите нашите апликации никогаш нема лично да ве идентификуваат. Ние го знаеме само мобилниот уред како случајно доделени броеви и букви (на пример, идентификатор за рекламирање EFG4567) но никогаш, на пример, како Џон Е. Смит.
Прецизна геолокација Може да добиваме информации за вашата точна локација од работи како што се координатите на глобалниот систем за позиционирање (GPS) (географска должина и ширина) кога ги користите нашите мобилни апликации. Секогаш ќе се јавува прозорче со известување на вашиот телефон или уред кое ќе побара да прифатите или да одбиете да ни дадете дозвола да знаеме точно каде се наоѓате во светот. Треба да разберете дека нема секогаш да побараме согласност за да знаеме генерално дека сте во поширока градска зона, поштенски код или провинција. На пример, ако знаеме само дека сте некаде во Манила, Филипини, не сметаме дека тоа е прецизна локација.
Приклучоци Нашите интернет-страници може да вклучат приклучоци од други компании како што се социјалните мрежи. Пример за приклучок е копчето „Ми се допаѓа“ на Facebook. Овие приклучоци може да собираат информации (на пр. url-адресата на страницата што сте ја посетиле) и да ги враќаат на компанијата што ги создала. Тоа може да се случи дури и ако не кликнете на приклучокот. Овие приклучоци се регулирани со полисата за приватност и условите на компанијата што ги создала, иако се појавуваат на нашата страница. Ние дејствуваме како контролор на тие податоци за нашите страници во ЕЕЗ и ОК заради собирање и пренос на тие податоци. Тие приклучоци се несуштински колачиња и функционираат само на нашите страници во ЕЕЗ и ОК ако прифаќате колачиња.
Најавувања Нашите страници може да ви овозможат да се најавите користејќи ја вашата сметка кај друга компанија, на пример, „Најави се со Facebook.“ Кога го правите тоа, ние имаме пристап само до информациите за кои ни дадовте согласност да ги добиеме од поставките на вашата сметка во сметката на другата компанија со која се најавувате.
Корисничка содржина Некои од нашите страници и апликации ќе ви овозможат да поставувате свои содржини за натпревари, блогови, видеа и други функции. Запомнете дека секоја информација што ја испраќате или објавувате станува информација од јавен карактер. Ние немаме контрола врз тоа како другите можат да ја користат содржината што ја испраќате на нашите страници и апликации. Ние не сме одговорни за ваквата употреба на начини кои можат да ја нарушат оваа политика на приватност, да го прекршат законот или вашата лична приватност и безбедност.
Врски Страниците на P&G може да вклучуваат врски до други страници, кои ние не ги контролираме. Тие страници ќе бидат регулирани со нивни политики и услови за приватност, а не со наши.
Ние немаме за цел да споделуваме ваши лични податоци и тоа го правиме само во многу ограничени ситуации кога вашата приватност е заштитена
Кога имаме ваша согласност, може да ги споделиме вашите информации со одредени партнери за да можат да ви испраќаат понуди, промоции или реклами за производи или услуги за кои сметаме дека ве интересираат. На пример, луѓето кои добиваат е-пошта од P&G од нашите брендови за пелени, како што се Pampers®, можат, исто така да се согласат да дознаат за храна за бебиња направена од други компании.
Нашите веб-страници и апликации може да споделуваат уникатни идентификатори, заклучени и изведени информации, онлајн и технички информации и податоци за геолокација со онлајн платформи и рекламни технолошки компании за да ни помогнат да ви сервираме релевантни реклами и понуди. Ние секогаш се грижиме да ги следиме важечките законски барања, кои може да вклучуваат согласност и/или откажувањa, кога го правиме тоа. Ние не ги продаваме вашите лични информации на маркетери надвор од P&G во замена за паричен надомест. Ако сте жител на Калифорнија, видете го делот
во политиката за приватност подолу за да добиете дополнителни информации.Може да ги споделиме вашите информации со даватели на услуги кои ни помагаат во водењето на нашиот бизнис, вклучувајќи хостирање на нашите страници, доставување на нашата е-пошта и маркетинг комуникации до вас, анализирање на податоците кои ги собираме, помагање со распоредување на продажбата (на пример, да видиме, ако ви покажавме реклама на одредена веб-страница на платформа, дали потоа ќе купите производ од нас) и испраќање на производите и услугите што ги побаравте. Исто така, ги споделуваме вашите информации со адвокати, ревизори, консултанти, фирми за информатичка технологија и безбедност и други субјекти кои ни даваат услуги. Ние ги споделуваме само оние лични информации кои им се потребни на овие компании да ги завршат задачите кои ги бараме. Тие мораат да ги заштитат вашите информации исто како и ние и нема да ги споделуваат или да ги користат за која било друга цел освен за тоа да ни даваат услуги. Во текот на 12-месечниот период пред последното ажурирање на оваа политика за приватност, може да откриеме податоци од сите категории наведени во претходниот дел „
“ на трети лица за деловна намена, во зависност од спецификите на деловното извршување.Плаќањата за купувања извршени преку некои од нашите страници се вршат со користење онлајн-систем за плаќање на трети лица. P&G нема пристап до информации од вашата кредитна картичка кои се даваат при купување и не ги чува или открива информациите од вашата кредитна картичка како дел од вашите набавки преку овие системи на трети лица. Личните или финансиските информации кои ги давате во нашиот онлајн-систем за плаќање подлежат на полисата за приватност на трети лица и на условите за користење и ви препорачуваме да ги прочитате овие политси пред да дадете какви било лични или финансиски информации. P&G во моментов ги користи PayPal и Braintree како наши платворми за е-трговија од трети лица
Доколку одреден бренд или некој од нашите бизниси со кои сте споделиле лични податоци е продаден на друга компанија, вашите податоци ќе бидат споделени со таа компанија. Како резултат на тоа, вашата сметка и личните податоци во неа нема да бидат избришани освен ако не му кажете на тој бренд или на новата компанија дека сакате да бидат избришани. Исто така, може да ги споделиме вашите информации со компании кои ни помагаат да ги заштитиме нашите права и сопственост или кога тоа го бараат законот или државните органи.
Како голема компанија со голем број производи и бизниси во многу земји во светот, ние ги собираме следниве типови податоци со цел најдобро да ги опслужиме сите наши потрошувачи.
Имајте предвид дека ова е исцрпна листа на сите можни типови податоци кои ги собираме и голем број од овие типови податоци речиси сигурно не важат за вас. Ако сакате да знаете кои податоци фактички ги имаме за вас, прашајте нѐ
Информации за контакт Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат имиња (вклучувајќи прекари и претходни имиња), називи, поштенска адреса, адреса на е-пошта, телефонски број/број на мобилен телефон и информации за контакт за поврзани лица (како што се овластени корисници на вашата сметка).
Генерална демографија и психографија Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат лични карактеристики и преференции, како што се возрасна група, брачна и семејна состојба, преференции за купување, јазици кои ги зборувате, податоци за програми за лојалност и награди, демографски податоци за домаќинствата, податоци од платформите на социјалните медиуми, информации за образование и професионални информации, хобија и интереси и оценки на склоност од трети лица (веројатност за купување, доживување на животен настан, итн.).
Трансакциски и комерцијални информации Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат информации за сметката на корисниците, податоци за квалификации, историја на набавки и поврзани записи (враќања на производи, записи за сервисирање на производи, записи за плаќања, кредити итн.), записи поврзани со преземања и купувања производи и апликации, небиометриски собрани податоци за верификација на потрошувачот (лозинки, безбедносни прашања за сметката), евиденција за услуги на корисници.
Единствени идентификатори и детали за сметките Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат единствен идентификациски број (како што се број на корисник, број на сметка, број на претплата, број на програма за награди), идентификатори на системот (вклучувајќи корисничко име или онлајн акредитиви), огласувачи на уреди, идентификатор на рекламирање и IP адреса.
Онлајн-информации и технички информации Ова вклучува информации за активност на Интернет или друга електронска мрежа. Елементитие на податоците во оваа категорија вклучуваат: IP адреса, MAC адреса, идентификатори на мрежи (SSID) или други идентификатори на уреди или постојани идентификатори, идентификатор на онлајн-корисник, шифрирана лозинка, карактеристики на уредот (како што се информации за прелистувачот), дневници на веб-сервери, дневници на апликации, податоци за прелистување, податоци за гледање (ТВ, стриминг), користење на веб-страница апликација, колачиња од прва страна, колачиња од трети страни, флеш-колачиња, колачиња од Silverlight, веб-светилници, невидливи GIF-ознаки и ознаки на пиксели.
Изведени информации Ова вклучува информации кои се изведени од други информации наведени во овој дел. Креираме елементи на изведени податоци преку анализирање на нашите врски и трансакциските информации. Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат склоности, атрибути и/или резултати генерирани од внатрешни аналитички програми.
Прецизна геолокација Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат прецизна локација (како што е географска должина/географска ширина, или, во некои случаи, IP адреси).
Информации поврзани со здравствената состојба Податоците на елементите, врз основа на тоа како се собрани, вклучуваат:
Информации собрани од програми за потрошувачи
Општи информации за здравствената состојба и симптомите
Информации поврзани со бременост, како што е краен датум за породува
Студии од истражувања на потрошувачи каде што сте дале ваша информирана согласност
Информации за физичко или ментално здравје, состојба на болест, медицинска историја или медицински третман или дијагноза, земени лекови и слични информации
Финансиски информации Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат број и детали на сметка во банка и информации за платежна картичка (на пример, кога купувате директно кај бренд или кога добивате кредит од бренд).
Официјални документи за идентификација Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат лична карта и даночна легитимација (на пример, за победници на натпревар во јурисдикции каде што мораме да ги собереме тие информации).
Аудиовизуелни Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат фотографии, видео-слики, снимки од камери за видео надзор, снимки од кол-центри и евиденција од следење на повици и говорни пошти (на пример, за истражување, кога ги посетувате нашите објекти или кога ни се јавувате).
Податоци од „паметни“ уреди и сензори Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат записи на паметни уреди, производи на „Интернет на нештата“ (IoT) (на пример, од четкичка за заби поврзана со апликација Oral B).
Податоци за деца Елементите на податоците во оваа категорија може да вклучуваат колку деца имате, големини на пелени за вашите деца, нивниот пол и возраст.
Биометриски информации Елементите на податоците во оваа категорија вклучуваат податоци за препознавање лице и математичка репрезентација на вашиот биометриски идентификатор, како што е образец што се одржува за споредба (на пример, за здравствени истражувачки студии). Ние нема да ги задржиме овие биометриски податоци подолго од три години сметајќи од последната интеракција на лицето со нас, освен ако не се бара од нас да ги задржиме подолго заради усогласеност со законски или регулаторни цели, или за да ги оствариме или браниме нашите законски интереси. Ние применивме комерцијално разумни протоколи за да ги заштитиме и кога е соодветно, трајно да ги избришеме или отстраниме таквите биометриски податоци.
Ги следиме сите важечки закони за заштита на податоци при собирање лични информации од деца на интернет. На пример, во ЕЕЗ и ОК не собираме лични информации од деца помлади од 16 години без согласност од имателот на родителската одговорност за детето, освен ако не е предвидена помала возраст со локалните закони - под услов таа помала возраст да не е под 13 години. На сличен начин, во САД, добиваме проверена родителска согласност при собирање на личните информации од деца помлади од 13 години.
Вашата приватност е важна. Затоа ја почитуваме така што преземаме чекори да ја заштитиме од загуба, злоупотреба или менување.
Ние ги почитуваме вашите лични информации и преземаме чекори да ги заштитиме од загуба, злоупотреба или менување. Кога е соодветно, овие чекори може да вклучуваат технички мерки како што се „заштитени ѕидови“ (firewalls), системи за откривање и спречување упади, уникатни и сложени лозинки и шифрирање. Исто така, користиме и организациски и физички мерки како што се обука на персоналот за обврски на обработка на податоци, идентификување на инциденти и ризици во врска со податоците, ограничување на пристапот на вработените до вашите лични информации и обезбедување физичка безбедност, вклучувајќи соодветно обезбедување на документите кога не се користат.
Вашите лични информации може да се пренесуваат, чуваат и обработуваат во земја што се разликува од земјата во која се собрани, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави. На пример, можеме да ги чуваме вашите податоци на сервер во Соединетите Американски Држави бидејќи таму се хостира одредена база на податоци; и тие податоци може повторно да се „пренесат“ кога еден од нашите трговци им пристапува на податоците од Швајцарија за да ви испрати примерок од производ. За податоците на ЕЕЗ и ОК, ние извршуваме такви трансфери, како и меѓу субјекти на P&G, а и меѓу P&G и нашите даватели на услуги, така што користиме договорна заштита што регулаторите во EEЗ и во ОК претходно ги одобрија за да се обезбеди дека вашите податоци се заштитени (познати како модели на клаузули за договори). Ако сакате примерок од договор за пренос, контактирајте нѐ. За податоци надвор од ЕЕЗ и ОК, вршиме таков пренос врз основа на вашата согласност или на нашите договори, онаму каде што се бара со локалниот закон.
За повеќе информации во врска со категориите лични информации кои ги собираме, деловните и комерцијалните цели за собирање лични информации и категориите на трети лица со кои ги споделуваме личните информации, видете ги горенаведените објави. Како жител на Калифорнија, може да имате право да ги побарате следниве информации за личните информации што сме ги собрале за вас во текот на изминатите 12 месеци, двапати во период од 12 месеци:
категории и специфични лични информации кои сме ги собрале за вас;
категории на извори од кои сме ги собрале личните информации;
деловната и комерцијалната цел за која сме ги собрале или сме ги продале личните информации;
категориите на трети лица со кои сме ги споделиле личните информации; и
категориите лични информации за вас кои сме ги продале или објавиле за деловна цел, како и категориите на трети лица на кои сме им ги продале или објавиле тие информации за деловна цел.
Покрај тоа, имате право да побарате да избришеме одредени лични информации што ги собравме од вас. За да аплицирате за општо објавување, да пристапите до сите информации што ги имаме за вас или да побарате да ги избришеме вашите информации како што е опишано погоре, можете да контактирате со нас тука или да ни се јавите на (877) 701-0404 во кој и да е случај. За да ја заштитиме вашата приватност и да ја одржиме безбедноста, ние преземаме чекори да го потврдиме вашиот идентитет пред да ви овозможиме пристап до вашите лични информации или пред да го разгледаме барањето за бришење. Откако ќе го примиме вашето барање, ќе ви испратиме образец за потврда по е-пошта или по редовна пошта. За да го пополните вашето барање, одговорете на образецот за верификација кога ќе го добиете. За да го потврдиме вашиот идентитет, може да побараме да дадете која било од следниве информации: Име, адреса на е-пошта, поштенска адреса или дата на раѓање. Покрај тоа, ако побарате да ви доставиме специфични лични информации, ќе побараме да потпишете изјава што подлежи на казна за лажно сведочење, дека сте потрошувач чии лични информации се предмет на барањето.
Имајте предвид дека P&G не може да брише лични информации во оние ситуации кога нивното задржување од нас е потребно за наши внатрешни деловни цели или е на друг начин дозволено од CCPA (како што се спречување измама или усогласеност со законите). Во овие ситуации, ќе ги задржиме вашите информации во согласност со нашата програма за задржување на евиденцијата и безбедно ќе ги избришеме на крајот од периодот на задржување.
И на крајот, исто така имате право да се откажете од продажбата на вашите лични информации. За да го остварите тоа право, посетете ја контактирајте нѐ овде или јавете ни се на (877) 701-0404.
За повеќе информации околу тоа како ги споделивме вашите информации со трети лица, така што тоа претставува „продажба“ според CCPA во текот на 12-месечниот период пред датумот на кој оваа политика за приватност е ажурирана последен пат, видете ја табелата подолу. Ние намерно не продаваме информации на малолетници помлади од 16 години.
Пресметување според програмите за награди Според CCPA, може да имате право да бидете информирани за тоа зошто според законот се дозволени програми за финансиски стимулации или разлики во цените или услугите, вклучувајќи (i) поволна проценка на вредноста на вашите лични информации што претставува основа за понуда на финансиски стимул или разлика во цената или услугата, и (ii) опис на методот што сме го користеле за да ја пресметаме вредноста на вашите информации кои лично ве идентификуваат. Генерално, ние не доделуваме монетарна или друга вредност на личните информации. Меѓутоа, во случај да се бара од нас со закон да доделиме таква вредност во контекст на програми за награди или разлики во цената или услугата, ние ги проценуваме собраните и користените лични информации како еднакви на вредноста на попустот или обезбедениот финансиски стимул, а пресметувањето на вредноста се заснова на практичен и добронамерен напор, честопати вклучувајќи (i) категории на собрани лични информации (на пример, имиња, адреси на е-пошта), (ii) преносливост на таквите лични информации за нас и нашите програми за награди, (iii) понудена намалена цена, (iv) обемот на потрошувачи вклучени во нашите програми за награди, и (v) производ или услуга за кои важат програмите за награди или разликите во цената или услугата. Објавувањето на вредноста опишана овде нема за цел одрекување, ниту треба да се толкува како одрекување од нашите сопственички или деловни доверливи информации, вклучувајќи и трговски тајни и не е никакво претставување во врска со општоприфатените сметководствени принципи или финансиските сметководствени стандарди.
Известување за Калифорнија за малолетници Може да понудиме интерактивни услуги кои им овозможуваат на тинејџери помлади од 18 години да поставуваат сопствена содржина (на пример, видеа, коментари, ажурирања на статусот или слики). Оваа содржина може да се отстрани или избрише во секое време, следејќи ги упатствата на нашите веб-страници. Ако имате прашања за тоа како да го направите тоа, контактирајте нѐ. Имајте предвид дека таквите објави можеби биле копирани, препратени или поставени на друго место од други лица и ние не сме одговорни за кои било такви активности. Во такви случаи, ќе мора да контактирате со сопствениците на другите страници за да побарате отстранување на вашата содржина.
Ние ги продаваме овие лични информации на следниве категории трети лица:
Оналјн-платформи како што се Google, Amazon, Facebook
Рекламни технолошки компании како што се нашите платформи за побарувачка (DSP)
Овие податоци се споделуваат за целите на насочено рекламирање. Овие компании ги користат тие податоци за да ги подобрат своите производи и услуги во согласност со нивните услови на платформата.
Ние ги продаваме овие лични информации на следниве категории трети лица:
Малопродажни партнери
Податоците се споделуваат според вашата согласност за заеднички маркетинг (на пример, поврзување за програми за награди)
Исто така, ги продаваме сите други информации со ваша согласност.
За да се откажете од продажбата на вашите податоци, кликнете овде или јавете ни се на (877) 701-0404.
Ако сакате да ја ажурираме нашата внатрешна евиденција за да не ги споделуваме вашите лични информации од програмите на нашите брендови со трети лица на начин што може да се дефинира како „продажба“, кликнете тука или јавете ни се на (877) 701-0404.
Исто така, имајте предвид дека P&G може да ги пренесе вашите лични информации на трети лица преку колачиња или технологии за следење за рекламирање и заеднички маркетинг цели. За да го остварите правото на „Не продавај“ поврзано со колачиња за веб-страници и технологии за следење, одете на соодветната веб-страница на брендот, пристапете до нашиот Центар за барања за „Не продавај“ во Калифорнија, кој е достапен најдолу на страницата и поставете ги вашите преференции. Бидејќи некои од овие трети лица работат поинаку по веб-страница и по уред, можеби ќе треба да го направите ова на секоја веб-страница на P&G што ја користите.
Според CCPA, може да назначите овластен застапник да поднесе барање во ваше име, но тој ќе треба да го помине процесот на верификација, вклучувајќи и поднесување доказ дека е назначен да настапува во ваше име. За барањата за пристап и бришење податоци поднесени од овластен застапник во ваше име, исто така, може да побараме директно да го потврдите вашиот идентитет кај нас (како што е опишано погоре). Ние нема да ве одбиеме, да ви наплаќаме различни цени или да ви обезбедиме различно ниво или квалитет на стоки или услуги доколку одлучите да ги остварите вашите права согласно CCPA.
Кликнете овде за да ја видите метриката на барања од претходната календарска година.
Овој дел важи само за нашата обработка на личните податоци на жителите на земја од ЕЕЗ и ОК. Тој има за цел да обезбеди зголемена транспарентност на нашата обработка, задржување и пренос на личните податоци на жителите на ЕЕЗ и ОК што е во согласност со словото и духот на Општиот пропис за заштита на податоци („GDPR“) и GDPR како што е вклучен во законите на ОК со Законот за заштита на податоци од 2018 година и дополнет со Прописите за заштита на податоци, приватност и електронски комуникации (дополненија итн.) Регулативи за (Излез од ЕУ) од 2019 година
Различни субјекти на P&G може да бидат контролори на вашите лични податоци. Контролор на податоците е субјект што ја насочува активноста за обработка и е пред сè одговорен за податоците. Графиконот подолу ги идентификува нашите контролори на податоци за податоци од земји на ЕУ. На пример, кога ќе се регистрирате за е-пошта на една од нашите француски интернет-страници, субјектот на P&G наведен до името на таа земја ќе биде контролорот на тие лични податоци (на пр., Procter & Gamble France SAS)
Земји | Контролор на податоци |
---|---|
Австрија | Procter & Gamble Austria – Zweigniederlassung der Procter & Gamble GmbH, Wiedner Gürtel 13,100 Wien |
Бугарија | Procter & Gamble Bulgaria EOOD, Sofia 1404, Bd. Bulgaria nr. 69, Bulgaria |
Романија | За натпревари: Procter & Gamble Distribution SRL, 9-9A Dimitrie Pompei Blvd., Building 2A, District 2, Bucharest 020335, Romania За други страници: Procter & Gamble Marketing Romania SR, 9-9A Dimitrie Pompei Blvd., Building 2A, District 2, Bucharest 020335, Romania |
Полска | Procter and Gamble DS Polska sp z o.o., ul. Zabraniecka 20, 03-872 Warszawa, Полска |
Белгија | Procter & Gamble Distribution Company (Europe) BVBA За P&G Healthcare: P&G Health Belgium BVBA,Temselaan 100, 1853 Strombeek-Bever |
Република Чешка | Procter & Gamble Czech Republic s.r.o., 269 01 Rakovnik, Ottova 402, Czech Republic |
Унгарија | Procter & Gamble Magyarország Nagykereskedelmi Kkt, 1082 Budapest, Kisfaludy utca 38., Hungary |
Словачка | Procter & Gamble, spol. s.r.o., Einsteinova 24, 851 01 Bratislava, Slovakia |
Хрватска | Procter & Gamble d.o.o. za trgovinu, Bani 110, Buzin, 10010 Zagreb, Croatia |
Франција | Procter & Gamble France SAS За P&G HealthCare: Procter & Gamble Pharmaceuticals France SAS / P&G Health France SAS 163/165 quai Aulagnier, 92600 Asnières-sur-Seine |
Германија | Procter & Gamble Service GmbH, Sulzbacher Strasse 40, 65824 Schwalbach am Taunus За P&G Health: P&G Health Germany GmbH, Sulzbacher Strasse 40, 65824 Schwalbach am Taunus |
Грција | P&G Hellas Ltd. 49 Ag. Konstantinou str., 15124 Maroussi – Athens, Greece |
Ирска | Procter & Gamble UK, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XP |
Италија | Procter & Gamble Srl, viale Giorgio Ribotta 11, 00144 Roma |
Холандија | Procter & Gamble Nederland B.V., Watermanweg 100, 3067-GG Rotterdam New address as of April 27, 2020: Weena 505, 3013 AL Rotterdam |
Португалија | Procter & Gamble Portugal, Productos de Consumo Higiene de Saude, S.A., S.A. Edificio Alvares Cabral 3º, Quinta da Fonte, 2774-527 Paço D'Arcos, Portugal |
Шпанија | Procter & Gamble España, S.A , Avenida de Bruselas, 24, 28108 Alcobendas, Madrid, Spain |
Обединето Кралство | Procter & Gamble UK Seven Seas Limited, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XP |
Ненаведени земји од ЕУ | Procter & Gamble International Operations SA, Route de Saint-Georges 47 1213 PETIT-LANCY Geneve |
Како општо правило, ние ги чуваме вашите податоци само онолку колку што е потребно за да се оствари целта за која се собрани или како што се бара со закон. Можеби ќе треба да ги чуваме вашите податоци подолго од наведените периоди на задржување, за да ги исполниме вашите барања, вклучувајќи и да ве чуваме надвор од маркетинг е-пораките или да ги почитуваме законските или други обврски. Овој дел ве информира за видот на податоците кои ги собираме, целите за кои ги користиме, зошто таквата употреба е во согласност со законот (правна основа) и колку долго ги чуваме (период на задржување).
Тип на податоци Е-пошта, име, телефонски број, поштенска адреса, вашите афинитети, вашите интереси, вашето однесување при најавено пребарување на нашите веб-страници или апликации, вашата професија, вашите навики, што сте купиле, фотографиите или видеата кои ги поставувате, информации за вашите деца и вашиот дом, составот на вашето семејство, број на луѓе во вашето домаќинство, тип на коса, тип на кожа, омилен мирис, дали имате милениче, Информации поврзани со здравјето (на пример очекуван датум на пораѓање) итн.
Зошто ги собираме овие податоци За да ви испраќаме материјали, вклучувајќи реклами, маркетинг на нашите производи или услуги или на производите или услугите на нашите партнери
Правна основа Ваша согласност за е-пошта и СМС, и податоци од било која специјална категорија и, онаму каде ќе ја добиеме, согласност за пошта. Легитимни интереси за сè друго.
Период на задржување Сè додека не побарате да ги избришеме личните податоци или не ја повлечете вашата согласност. Ако не поднесете такво барање, личните податоци ќе бидат избришани според следниот распоред:
е-пошта: по <50 месеци неактивност на сите канали. Неактивноста ја дефинираме преку неколку внатрешни критериуми.
СМС-пораки: по <50 месеци неактивност на сите канали. Неактивноста ја дефинираме преку неколку внатрешни критериуми.
поштенска адреса: по <50 месеци неактивност на сите канали. Неактивноста ја дефинираме преку неколку внатрешни критериуми.
Периодите на чување може да бидат пократки во одредени земји во согласност со локалните услови.
Тип на податоци Е-пошта, име, телефонски број, понекогаш други податоци.
Зошто ги собираме овие податоци За да им обезбедиме на учесниците во натпреварот информации за натпреварот, вклучувајќи објавување на победникот (победниците).
Правна основа Изведба на договор.
Период на задржување 24 месеци, освен ако со локалните закони не се бара да ги чуваме подолго.
Тип на податоци Е-пошта, име, телефонски број, платежни информации (вклучувајќи IBAN број на сметка во банка или информации од Paypal), понекогаш други податоци.
Зошто ги собираме овие податоци За да ги обработиме вашите купувања на наши производи, за понуди за враќање готовина или гаранции и за да ви испраќаме релевантни комуникации поврзани со тоа купување.
Правна основа Изведба на договор.
Период на задржување Сè додека е потребно да се исполни вашата нарачка и да се проследат комуникациите за вашата нарачка, освен ако со локалните закони не се бара да ги чуваме подолго. Исто така, генерално чуваме податоци 24 месеци за понудите за враќање готовина и 10 години за гаранции
Тип на податоци Е-пошта, име, тлефонски број, понекогаш други податоци.
Зошто ги собираме овие податоци За да одговориме на вашите прашања и да се осигураме дека соодветно проследуваме или како што може да се бара со закон или политика на P&G.
Правна основа Нашиот легитимен деловен интерес за управување со прашањата на потрошувачите и подобрување на нашите процеси и производи, како и вашата согласност за податоците од посебна категорија кои може да се соберат во некои случаи на негативни настани.
ериод на задржување Од 0 до 10 години, во зависност од природата на барањето, нашите легитимни интереси за обработка на податоците и нашите законски обврски.
Тип на податоци Е-пошта, име, телефонски број, адреса, идентификувачки фотографии или видеа, понекогаш други податоци.
Зошто ги собираме овие податоци За да ги тестираме нашите идеи за производи и да дознаеме за вашите преференции и практики, за да можеме да ги подобриме нашите производи и животот на нашите потрошувачи.
Правна основа Вашата согласност.
Период на задржување Ние ќе ги задржиме личните податоци собрани како дел од значително клиничко истражување се додека ни се потребни за целта за која биле собрани и/или онолку долго колку што е потребно за да ги задржиме според локалните закони или прописи, што може биде до 25 години. За неклинички истражувања, ги задржуваме вашите суштински лични податоци најмногу 5 години. Ќе ја задржиме вашата потпишана информирана согласност
Тип на податоци Колачиња за рекламирање, идентификација на уредот, демографски информации, како што се пол и возраст, податоци за однесување, како што се прегледи на страници и други податоци.
Зошто ги собираме овие податоци За да дознаеме за вашите Интернет-интереси и да ги прилагодиме рекламите кои ви ги праќаме.
Законска основа Ние ќе добиеме ваша согласност за да распоредиме колачиња на нашите веб-страници во согласност со барањата за еПриватност. Кога ги ставаме нашите ознаки на веб-страници на трети страни или кога купуваме податоци од трети продавачи, бараме нашите партнери да добијат ваша согласност пред нашата ознака да биде распоредена или пред да бидат вашите податоци споделени со нас.
Во зависност од случајот, можеме да се потпреме на нашите легитимни деловни интереси или на вашата согласност за обработка на вашите лични податоци за да ви обезбедиме релевантни реклами на различни медиумски канали.
Период на задржување Овие податоци ќе ги задржиме тринаесет месеци од датумот кога ќе ги собереме или додека не се откажете, кое и да се случи прво.
Сѐ уште имате прашања или проблем? Тука сме да ви помогнеме.
Ве молиме контактирајте нè директно со какви било прашања или проблеми околу вашата приватност и нашите практики за заштита на податоците или ако сте клиент со инвалидитет и ви треба примерок од ова известување во друг формат. Ако имате прашање конкретно за нашиот службеник за заштита на податоци, како што е сомневање за пробивање на податоците, наведете го тоа во вашата порака. Можете да му пишете и на нашиот службеник за заштита на податоци (Data Protection Officer) на 1 Procter & Gamble Plaza, Cincinnati, OH 45202, U.S.A.
Procter & Gamble Ireland, The Graan House, единици E1 и E14, деловен парк Calmount, Даблин 12, Ирска дејствуваат како наш претставник во Велика Британија и ЕУ во согласност со член 27 од GDPR.